Top Sport

Никогаш не играл во ЛШ – Вест хем бараат 180.000.000 евра за Деклан Рајс

Вест Хем ја одредија цената за најдобриот играч во тимот, Деклан Рајс. Англискиот репрезентативец е достапен за цена од 180.000.000 евра. Рајс, претходно, ја одбил понудата да го продолжи актуелниот договор кој му истекува во јуни 2024 година.

Неколку европски клубови не го кријат интересот за Рајс, но откако Вест хем ја објави сумата јасно е дека 180.000.000 евра можат да платат само клубовите од премиер лигата.

Англиските медиуми шпекулираат дека најверојатно Рајс ќе заврши во Манчестер јунајтед.

Рајс има 23 години, во тековната сезона има одиграно 38 натпревар, постигнал четири гола.

Интересно е што Рајс не одиграл ниту еден натпревар во Лигата на шампионите, сезонава шест пати настапил во Лига Европа.

Scroll to Top