Русија планира да се кандидира за организација на Европското првенство во фудбал во 2028 или 2032 година и покрај тоа што во моментов се суспендирани од страна на УЕФА и ФИФА.
Сите руски репрезентации и клубови не смеат да учествуваат на интернационалните натпреварувања поради војната во Украина, но според „Спорт експрес“, Рускиот фудбалски сојуз (РФУ) не се откажува од идејата.
Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска веќе објавија заедничка кандидатура за ЕУРО 2028 и би требало да бидат потврдени како организатори ако нема други кандидати, исто како и Италија за 2032.
Не е јасно дали РФУ поднела официјална кандидатура и дали е возможно да го направи тоа и покрај супензијата. УЕФА на 5 април ќе ги потврди кандидатурите.