Педри, младата ѕвезда на Барселона и новата „десетка“ на Шпанија, открил како добил корпа од Реал Мадрид. Педри, на крајот за 17.000.000 евра заврши од Лас Палмас во Барселона.
„Бев таму, првите два дена не можев да тренирам поради снегот. Кога се ќе се собере тренирав три дена. Еден тренинг ме пуштија да играм за Б-тимот. На крајот ми кажаа дека не сум на потребното ниво и дека ќе продолжат да ме следат. Сега сум онаму каде што сакав да бидам. Никој не сака кога ќе го одбијат, но тоа само дополнително ме мотивираше. Не заборавив кој ме одби, доколку го видам ќе му кажам дека уживам во Барселона“, рекол Педри.
Педри, според „Трансфермаркт“ вреди 90.000.000 евра. Договорот со Барселона му трае до 2026 година, неговата откупна клаузула изнесува 1.000.000.000 евра.