Поранешниот англиски репрезентативец, Џермејн Дефо на 40-годишна возраст реши да стави крај на професионалната кариера.
Дефо кариерата ја започна пред 22 години.
„Беше тешко да се донесе една ваква одлука. Фудбалот ми е во крвта. Со гордост и задоволство гледам на мојата кариера. Сега ќе можам да минам еден квалитетен период со семејството и пријателите, потоа ќе започнам ново поглавје во животот“, рекол Дефо.
Тој им се заблагодарил на сите поранешни соиграчи и тренери за успешната кариера.
Дефо кариерата ја започна во Вест хем, најдобрите години ги мина во Тоенхем, а играл и во Сандерленд, Борнмут, Глазгов Ренџерс…
За Абглија одиграл 57 натпревари, постигнал 20 голови.