Top Sport

Жоргињо: До крајот на животот ќе се сеќавам на промашените пенали против Швајцарија

Жоргињо, Бразиелцот со италијански пасош е најголемиот трагичар на квалификацискиот циклус за пласман на СП во Катар.

Фудбалерот на Челси, во не успеа да реализира два удари од 11 метри против Швајцарија, со што им овозможи на Швајцарците да го освојат првото место во групата, а неговата репрезентација мораше да игра бараж.

Синоќа во Палермо, голот на Трајковски во 92.минита ја елиминираше Италија од СП.

„До крајот на животот ќе се сеќавам на тие промашени пенали“, рекол Жоргињо.

„Тешко е да се објасни што ни се случи против Македонија. Се уште сум во шок. Игравме добро, креиравме шанси, доминиравме, но не успеавме да постигнеме гол. Луѓето велат дека треба да ги кренеме главите и да продолжиме главите. Тешко е тоа“, изјавил Бразилецот.

Scroll to Top