Top Sport

Чудо во Палермо – Епска Македонија, италијанска трагедија

Сензационалната победа на Македонија над Италија е главна тема во светските медиуми. Александар Трајковски во 92.минута го постигна голот со кој Македонија избори финале со Португалија, за пласман на Светското првенство во Катар.

„Епска Македонија, италијанска трагедија“, објави тиражната „Марка“ по натпреварот во Палермо.

„Италијански срам, Европскиот првак остана без пласман на Светското првенство“, е насловот во германски „Билд“.

„Македонија ќе игра финале со Португалија, Италија се враќа во апокалипсата“, пишува во текстот на „Кориере дело Спорт“.

„Зборгум Катар“, е насловот во „Газета дело Спорт“. Во текстот понатаму пишува: „Хероите од Вембли кои ја донесоа европската титула, Светското првенство ќе го гледаат на телевизија“.

„Скандалозната Италија ќе пропушти уште едно Светско првенство“, критикува португалската „А Бола“.

„Италијански кошмар“, е насловот во „Дејли мејл“.

Scroll to Top