Top Sport

Верати: Немавме среќа, но среќата треба да ја заслужиш

По 2018 година, Италија нема да игра и на Мундијалот во 2022. Македонија со голот на Александар Трајковски ја елиминира Италија од Мундијалот во Катар.

Осум месеци по освојувањето на европската титула, азурите доживеаја големо разочарување, поголемо и од она во 2018 година кога Шведска ги победи во баражот за пласан на СП во Русија.

„Тешко е ова. Доминиравме, моравме да победиме, едноставно мораше да победиме. Требаше да постигне гол во раната фаза, а потоа и да го заклучиме натпреварот, бевме многу подобри, но таков е фудбалот“, изјавил Марко Верати и дополнил.

„Во фудбалот е клучно да бидеше прецизен и немилосрден. Ние не бевме такви. Ова е кошмар. Кога ќе го погледнете нашиот тим, тоа е тим што може да се бори за светската титула, наместо тоа доживеавме катастрофа. Бевме херои сега сме нули. Во фудбалот мораш да постигнуваш голови, ние не го направивме тоа. Немавме среќа, но среќата треба да ја заслужиш. Треба да се запрашаме зошто ни се случи ова“.

Scroll to Top