Top Sport

Јилмаз објави крај на репрезентативната кариера

Трагичарот на Турција, 36-годишниот Бурук Јилмаз, објави крај на репрезентативната кариера. Напаѓачот на Лил, ја врати Турција во мечот со Португалија, погоди за 2.1 во 65.минута, а 20 минути подоцна промаши пенал.

„Бев сигурен дека ќе постигнам гол. Почнав да размислувам за иднината, воопшто не мислев дека ќе промашам. Се извинувам. Ќе го сонувам овој пенал до крајот на животот“, рекол Јилмаз.

„Не сакав на ваков начин да се простам од националниот тим, но мислам дека е исправна одлуката да не продолжам понатаму. Им благодарам на моите тренери. Ова не е емотивна одлука, туку логична и рационална. Ако се случат некои непредвидени и екстремни ситуации, тука сум за да помогнам, но време е за младите играчи. Време е за новата генерација. Тоа е исправно. Одлуката не е резултат на промашениот пенал“.

Scroll to Top