Top Sport

„Погрешно е што го копираме стилот на Гвардиола од пред 15 години, треба да го користиме германскиот модел“

Легендарниот Фабио Капело се огласи со коментар по елиминацијата на Италија од баражот за пласман на Светското првенство. Македонија, синоќа, во Палермо ја фрли Италија на колена. Голот на Александар Трајковски во 92.минута ја однесе Македонија во финалето, а Италија ја остави без можност да игра на Мундијалот.

Италија доминираше во поседот на топката, имаше 16 корнери, 32 удари кон голот, од кои само пет одеа во рамките на голот.

„Долго време зборувам дека, го немаме потребниот квалитет, а го копираме стилот на Гвардиола од пред 15 години. Додека не ни стане јасно дека треба да го копираме германскиот модел нема ништо да направиме. Единствен италијански тим кој го направи тоа и има успеси е Аталанта“, рекол Капело.

„Македонија беше физички супериорна, беа побрзи, посилно, играа со поголема решителност. Мораме да го копираме германскиот модел, доколку сакаме да играме како Шпанците тогаш мораме да имаме подобра техника, а на тоа ниво никогаш нема да дојдеме. Треба да се копира германскиот фудбал кога станува збор за решителноста, треба да играме вертикално и во длабочина“, заклучил легендарниот тренер.

Scroll to Top