Еден Азар ќе мора да оди на нова операција на десната нога, потврдија од Реал Мадрид, по што најверојатно белгиското крило ќе го пропушти остатокот од сезоната во уште еден малер кој го следи на „Сантијаго Бернабеу“.
Азар немаше играно за Реал повеќе од еден месец, откако беше замена за пет минути од мечот против Алавес на 19 февруари, по што постојано беше на клупата, но ниту еднаш не доби шанса од Карло Анчелоти.
„Во следните неколку дена, нашиот фудбалер Еден Аар ќе оди на операција за отстранување на плочката во десната фибула“, се вели во објавата на Реал Мадрид.
31-годишниот Белгиец оваа сеона има само 8 старта во 21 меч кој ги одигра под Карло Анчелоти. Од скапиот трансфер од Челси во јули 2019 година, Азар има само 65 настапи за „кралевите“, по што шпанските медиуми тврдат дека ова лето ќе се обидат да го продадат и да се ослободат од неговата висока плата. Азар има договор до 2024 година.
Parte médico de Hazard. #RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) March 25, 2022