Top Sport

Русите суспендирани, рускиот јазик станува официјален во ФИФА?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) неодамна целосно ја суспендираше Русија од репрезентативните и клупските натпреварувања поради војната во Украина, но наскоро може да го воведе рускиот како официјален јазик на комуникација, јавува францускиот „Л’Екип“.

Засега, официјални јазици во ФИФА се англискиот, шпанскиот, францускиот и германскиот, а сега покрај рускиот во официјална комуникација би можеле да влезат и португалскиот и арапскиот јазик. Германскиот јазик има статус на „официјален“ бидејќи ФИФА има седиште во Цирих, Швајцарија, каде што се говори германски и тој се користи за сите легални обврски, побарувања и комуникација.

Следниот конгрес на ФИФА почнува во четврток во Доха, Катар.

Scroll to Top