Алжир и Тунис стигнаа до гостински победи за да дојдат на чекор до пласман на Светското првенство во Катар, додека ДР Конго и Мароко одиграа 1:1 пред дербито на вечерта помеѓу финалистите од Африканскиот куп на нации, помеѓу Египет и Сенегал.
Ветеранот Ислам Слимани во 40. минута го постигна единствениот гол на мечот Камерун-Алжир за победа на гостите, додека во Мали, Муса Сисако си постигна автогол за Тунижаните да си заминат со 0:1 победа.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП, АФРИКА, 1.МЕЧ
ДР Конго – Мароко 1:1
Камерун – Алжир 0:1
Мали – Тунис 0:1
Египет – Сенегал 20.30 ч.
Гана – Нигерија 20.30 ч.
LE BUT DE SLIMANI ! ?⚽️ pic.twitter.com/vg3KSUsYcf
— La Vague Verte ⭐️??⭐️ (@la_vagueverte) March 25, 2022