Во реванш од финалето на Африканскиот куп на нации, Египет го совлада Сенегал со 1:0 во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство во Катар благодарение на Мохамед Салах. Гана и Нигерија пак, ќе го одлучат патникот на Мундијалот сигурно во вториот меч, откако во првиот меч немаше голови.
Сенегал ја освои првата континентална титула со победа на пенали над Египет во финалето на Африканскиот куп на нации, и „фараоните“ добија шанса за римеч веднаш во можеби најважните два меча за двете репрезентации, со билет за Мундијалот како главна награда.
Клучниот момент се случи уште во 4. минута кога по убава акција, ударот на Мохамед Салах се одби од дефанзивецот Салиу Сис за 1:0.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП, АФРИКА, 1.МЕЧ
Египет – Сенегал 1:0
Гана – Нигерија 0:0
#MoSalah with a Goal to start Egypt off 1-0 against Senegal in the #WCQualifiers pic.twitter.com/LcTXanSzYU
— The Muslim Wolf (@wolfofegypt1) March 25, 2022