Кристијано Роналдо не сакаше да коментира околу неговата иднина во португалскиот дрес по саботниот пораз од 2:1 од Уругвај во осминафиналето на Мундијалот.
Ова беше четврто СП за ѕвездата на Реал Мадрид, и бидејќи на следното СП во Катар во 2022 би имал 37 години, многумина сакаа јасен одговор за неговата иднина. Роналдо вели дека сега не е време за такво нешто.
„Сега не е време да се зборува за иднина на фудбалерите и на тренерите. Имаме фантастична група на млади фудбалери со многу амбиции, така што без страв, Португалија ќе има силен тим и во иднина“, вели Роналдо.
Фото: ЕПА