Ерлин Халанд и понатаму размислува каде ќе ја продолжи кариерата. Извесно е дека тој нема да остане во Дортмунд. Клубот од неговиот трансфер ќе заработи 75.000.000 евра.
Најголемите европски клубови не го кријат интересот за Норвежанецот. Еден од челниците на Борусија, Матијас Замер, пред десетина дена изјави дека „паднал во несвест“ кога слушнал колкава плата на фудбалерот му понудиле од Манчестер сити.
Шпански АС, објави дека Сити на Норвежанецот му понудиле неделна плата од 600.000 евра, на годишно ново тоа се околу 29.000.000 евра.
Според овој извор, таткото на фудбалерот и неговиот менаџер, Мино Рајола не ја прифатиле понудата, но исто така не се повлекле од преговорите.
Халанд, наводно имал желба да се пресели во Реал. „Кралскиот клуб“ доставил прималива понуда, иако таа не е ниту приближно толку добра како понудата на Сити.