Репрезентацијата на Словенија убедливо победи во тимскиот натпревар на скокалницата во Планица.
Екипата составена од Тими Зајц, Анже Ланишек, Петер Превц и Жига Јелар вкупно освои 1601,1 поен. Тие на крајот имаа 24,2 поени повеќе од Норвешка. Третото место го освои Австрија со 1544,2 бода.
Словенците со оваа победа ја продолжија доминацијата во ски летовите. Во екипна конкуренција тие ги освоија првите четири места.
Најдолгиот лет денеска го имаше Норвежанецот, Гранелунд, 244 метри. Неговиот сонародник Линдвик атерираше на 241,5 метри, а Зајц и Австриецот Крафт забележаа летови од 241 метар.