Top Sport

Дибала ќе се пресели во Интер

Паоло Дибала ќе биде еден од најбараните слободни играчи во летниот преоден рок. Аргентинецот не успеа да се договори со Јувентус околу новиот договор и по седум години ќе го напушти Торино.

Неколку клубови се заинтересирани за неговите услови, прашање е само кој ќе ги исполни неговите услови.

„Дејли мејл“ тврди дека Дибала ќе се пресели во Интер, најголемиот ривал на Јувентус. Бепе Марота, спортскиот директор на Интер инсистира на неговиот трансфер.

Овој извор открива на кој начин Интер ќе собере пари за неговата плата. Клубот ќе го напуштат Чилеанците, Алексис Санчез и Артуро Видал, а Марота планира да го продаде Лаутаро Мартинез.

Дибала е играч на Јувентус од 2015 година, за „старат дама“ одиграл 283 натпревари, постигнал 113 голови.

Scroll to Top