Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, имаше тежок инцидент во квалификациите пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија.
Возачот на Хас, на пет минути до крајот на втората квалификациска сесија, со брзина од околу 300 километри на час, загуби контрола врз болидот и се заби во ѕидот крај патеката.
Неговиот тим Хас, веднаш соопшти дека Мик Шунахер е свесен дека комуницирал со персоналот од итната медицинска помош и дека е префрлен во медицинскиот центар крај патеката.
Од сударот, болидот на Хас е целосно уништен.
Извесно е дека Мик Шимахер нема да ја вози утрешната трка.
Red Flag ?
Mick Schumacher has a heavy hit at Turn 12. #SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/12lBHlXRex
— TSN (@TSN_Sports) March 26, 2022