Top Sport

Пике не планира да се пензионира

Еден од најискусните играчи на Барселона, Џерар Пике, нема да се пензионира во скора иднина. Тој потврдил дека не размислува да се повлече по завршувањето на сезоната. Пике, пред две недели, против Осасуна, го одигра 600.натпревар за Барселона.

„Тоа е важна бројка (600 натпревари). Се чувствувате дека сте стари, но имам кариера од сништата“, рекол Пике.

Пред Пике, четворица играчи на Барселона дошле до оваа бројка: Меси, Бусктес, Чави и Иниеста.

„Се надевам дека ќе имам сила да продолжам. Се надевам дека мојата кариера се уште ќе трае“, изјавил Пике во документарниот филм во продукција на клупската телевизија.

Scroll to Top