Актерот Џорџ Клуни имал намера да го купи фудбалскиот клуб Дерби каунти. Клубот од „Прајд парк“ шест месеци е во стечај и се бори за опстанок во Чемпионшип дивизијата. Поради стечајот на Дерби каунти им одзедоа 21 поен.
Клун е голем фан на фудбалската игра. Пред две години не му успеа планот да го купи фудбалскиот клуб Малага.
Клуни, со сопругата Амал, живее во Англија. За локалниот „Дербишајр лајф“, изјавил:
„Дерби е фанатастичен клуб со голема историја, сигурен сум дека пред клубот е убава иднина. Знам дека последните години имаа финансиски проблеми, но тоа не се непремостливи проблеми.
Славниот актер на челниците на Дерби каунти им го претставил, неговиот колега Џек О’Конел. Инаку, О’конел е роден во Дерби.