НБА лигата реши да направи промени во гласањето за најдобрата петорка, објави новинарот на „Денвер пост“, Мајк Сингер.
Сингер тврди дека промената ќе биде направена поради кандидатите за МВП наградата, Никола Јокиќ и Џоел Ембид.
За најдобрата петорка во НБА лигата се гласа на ист начин како и за Ол-стар натпреварот: двајца играчи на бековските позиции, двајца на крилните и еден центар.
Бидејќи Јокиќ и Ембид се центри, НБА ќе го смени правилото за гласање.
Јокиќ и Ембид ќе бидат на листата и како центри и како крила. Ова е преседан бидејќи двајцата сезонава играле само како центри.
Сингер тврди дека НБА лигата не сака еден од двајцата кандидати за наградата МВП, да заврши со втората најдобра петорка.
Најголема жртва на ваквата одлука на НБА може да биде Леброн Џејмс, која зад себе има брилијантна сезона. Се претпоставува дека доколку еден од двајцата (Јокиќ или Ембид) бидат избрани на позицијата крилен-центар, вториот крилен играч ќе биде Јанис Адетокумбо, што значи дека за Леброн ќе нема место во најдобрата петорка.
Во САД се сигурни дека бековските позиции во првата петорка во лигата се резервирани за Лука Дончиќ од Далас и Џа Морент од Мемфис.