Ѕвездата на Челси, Тимо Вернер признава дека повеќе му одговара играта во германската репрезентација отколку во клубот, откако вчера беше стрелец заедно со својот колега Каи Хаверц при 2:0 победата на „маншафт“ над Израел во пријателски меч.
26-годишниот Германец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од РБ Лајпциг во 2020 со големи очекувања како докажан стрелец во Бундеслигата, но не успеа да влезе во вистински ритам.
„Јас сум напаѓач и секогаш сакам да давам голови. Работите не одат како што посакувам во Челси, така што е многу важно што ми оди со репрезентацијата под Ханси Флик. Уживам во фудбалот, без разлика каде играм, а има голема разлика од стилот на игра во Челси и во Германија. Можеби репрезентацијата ми одговара повеќе. Тука секогаш имам шанси, можам да давам голови“, вели Вернер.