Top Sport

Лајпциг зажалиле што го донеле „незрелиот“ Илаиш Мориба

РБ Лајпциг сака да се „ослободи“ од Илаиш Мориба, засилувањето кое минатото лето пристигна во бундеслигашот од Барселона поради неговата „незрелост“, тврдат германските медиуми.

Мориба си замина од Каталонија во договор кој чинеше 16 милиони евра, откако Барселона не се согласи да му даде драстично поголема плата, и според „Билд“, и во тимот на Ред бул не се задоволни од однесувањето на 19-годишниот фудбалер.

Тој имаше само два настапи во Бундеслигата и не беше во плановите на поранешниот тренер Џеси Марш, ниту на сегашниот прв човек, Доменик Тедеско, кој во јануари го прати на позајмица во Валенсија.

Според „Билд“, помеѓу неверојатните побаруваа кои ги имал Мориба била физиотерапевтите да му носат грозје при секоја масажа. Ред бул ќе се обидат да го продадат веќе ова лето, а Барселона ќе добие 10 отсто од трансферот.

Во Барселона бесни на Мориба – бара 100.000 евра плата

Scroll to Top