Top Sport

Верати моли да не се навредуваат италијанските фудбалери

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен и на италијанската репрезентација, Марко Верати ги молеше навивачите да не ги навредуваат италијанските фудбалери кои загубија од Македонија и не успеаја да ги однесат „аѕурите“ на Светското првенство во Катар.

Со многу мала мотивација, тие сега ќе треба да играат пријателски меч со Турција, другиот поразен во баражот (од Португалија со 3:1), во меч кој е бесцелен. Верати нема да игра, бидејќи доби дозвола предвреме да се врати во ПСЖ.

„Кога ќе победите, лесно е да се заблагодарите на сите. Јас сакам да го направам тоа сега, по елиминација која ни го одземе најубавото натпреварување за нас фудбалерите и за сите италијански фанови. Сакам да се заблагодарам на сите од тимот и тие кои работат за нас. За жал, некогаш работите во животот и фудбалот не одат така како што сме посакувале и сме сонувале. Уште една работа на крај: Не мислам дека најдобар начин да се справиме со ова е со навреди, бидејќи сите ние го дадовме нашиот максимум. Пред се оставете ги младите фудбалери на мир, ако морате, навредувајте не нас постарите бидејќи понекогаш заборавате дека и ние сме само обични луѓе и дека ги чувствуваме сите емоции“, вели Верати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco Verratti (@marco_verratti92)

Scroll to Top