Возачот на Вилијамс, Алекс Албон, доби казна по завршувањето на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Дирекцијата на трката објави дека Албон е виновен за инцидентот во финишот на трката.
Во борбата за 11.место, Албон од внатрешната страна удри во болидот на Ленс Строл од Астон Мартин.
Со тој потег, тој го исфрли Строл од борбата за 10.место. На крајот Канаѓанецот сепак успеа да дојде до целта.
Поради овој инцидент, Албон, доби казна од три позиции на наредната трка во Австралија.
Трката на патеката „Алберт парк“, ќе се вози на 10 април.