Top Sport

Судијата Хацеган имал срцев удар

Познатиот фудбалски судија од Романија, Овидиу Хацеган (42), бил итно опериран во Темишвар, откако доживеал инфаркт. Романските медиуми објавија дека, на Хацеган му се слошило во текот на тренингот.

Хацеган почувствувал болка во градите, бидејќи е доктор по професија, веднаш побарал лекарска помош, во болницата во Темишвар.

Откако било утврдено дека има затната вена, на Хатеган му бил вграден стент. Неговата состојба сега е стабилна. Тој уште неколку дена ќе остане во болницата во Темишвар.

Хатеган пред десет дена го судеше натпреварот во Лига Европа, Лион-Порот. Претходно беше главен судија на првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампините помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top