Паоло Дибала го напушта Јувентус. Аргентинецот е еден од најбараните слободни играчи во овој момент, на фудбалскиот пазар. Интер покажува најголем интерес за него, додека медиумите тврдат дека тој сакал кариерата да ја продолжи во Шпанија.
Реал Мадрид се изјаснија дека не се заинтересирани за услугите на Дибала, Атлетико и во минатото покажувале интерес за него, но прашање е дали ќе сакаат да ги прифатат неговите финансиски барања.
Покрај Реал и Барселона го одбила менаџерот на фудбалерот.
Според медиумите во Каталонија, одбивањето било брутално. Наводно, тренерот Чави, на клупските челници им рекол дека Дибала е преценет играч и дека не гледал како би можел да го вклопи во неговата фудбалска филозофија.
Дибала оваа сезона одиграл 29 натпревари за Јувентус, постигнал 13 гола и забележал шест асистенции.