Антоан Гризман по завршувањето на сезоната официјално ќе стане играч на Атлетико Мадрид. Во тековната сезона тој на „Ванда Метрополитано“ игра како позајмен играч од Барселона.
Гризман, во 2019 година, ја направи најголемата грешка во кариерата, го напушти Атлетико и се пресели на „Ноу Камп“. Барселона за неговиот трансфер издвои 120.000.000 евра.
Минатото лето без размислување ја прифати понудата да биде позајмен во Атлетико. Откако беше реализирана позајмицата изјави дека нема намера да се враќа во Барселона.
Клубовите се договорија Атлетико да го откупи договорот на Гризман за 40.000.000 евра, доколку тој одигра 50 отсто од натпреварите. Досега, Грзиман настапил на 66 отсто од натпреварите и покрај тоа што два и пол месеци не играше поради повреда.
Гризман досега одиграл 28 натпревари, постигнал осум гола и забележал пет асистенции.