Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал го предупреди својот холандски сонародник, тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг дека Манчестер јунајтед не е најдобриот избор за негов следен клуб, бидејќи е подобро да си во „фудбалски, отколку во комерцијален клуб).
Тен Хаг е еден од фаворитите за менаџерското место на „Олд Трафорд“, покрај Маурисио Почетино, Луис Енрике и Хулен Лопетеги, и Ван Гал вели дека тоа е погрешен избор.
„Ерик Тен Хаг е голем тренер и тоа секогаш е добро за Манчестер јунајтед, но Манчестер јунајтед е комерцијален клуб, што секогаш е тежок избор за тренер. Подобро а оди во фудбалски клуб. Нема да го советувам, тој може да ми се јави. Но, мислам дека треба да избере фудбалски, а не комерцијален клуб“, вели Ван Гал.