Рускиот репрезентативец Денис Черишев, кој својот фудбалски леб го заработува во Шпанија, поточно во Вилјареал, вели дека не се оправдани критиките за апсолутно дефанзивната игра на Русија при шокантната победа на пенали над Шпанците.
Русија имаше под 30 отсто посед на топката, и во поголемиот дел од 90-те минути и од двете продолженија се обидуваше само да ја исфрли топката од својата половина, но на крајот ќе патува во четврт-финалето против подобриот од дуелот Хрватска-Данска.
„Не можете да играте лице-во-лице со Шпанците. Кога ни дадоа гол, останавме смирени, и сега влеговме во историјата. Сите играат така против Шпанија, бидејќи тие секогаш одат на голем посед на топката и многу додавања. Ние бевме фантастични во одбраната, не оставивме простор за нив да играат многу. Мислам дека воопшто нема врска што се случуваше со нивниот селектор пред Мундијалот, туку најважно беше што ја ’пореметивме’ нивната игра“, вели Черишев.
Фото: ЕПА
Русите го имаат Акинфеев! „Зборнаја“ на пенали ја „уништи“ Шпанија