Top Sport

Јеро: Тешко се игра против 11 луѓе во одбрана

Фернандо Јеро на крајот имаше неславна авантура на клупата на шпанската репрезентација.

Повикан како решение во последен момент откако Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) реши да го отпушти Хулен Лопетеги еден ден пред стартот на Светското првенство, Јеро успеа со неубедлива игра да ги донесе Шпанците до осминафинале (со победа над Иран и реми со Португалија и Мароко), пред да налета на дефанзивните Руси.

„Се обидовме со сѐ, но тешко е да напаѓаш против 11 луѓе во одбрана. Цел тим е разочаран и ја сфаќаме тагата на навивачите. Ја прифаќам мојата одговорност како тренер. Ми беше задоволство да работам со овие момци. Дадовме сѐ, ризикувавме, но на крајот тоа не беше доволно“, изјави Јеро по мечот.

Капитенот Серхио Рамос вели дека ја „оставиле душата на теренот“.

„Многу боли. Но, како капитен ќе си заминам со високо крената глава, бидејќи секој Шпанец можеше да види дека ја оставивме душата на теренот. Се надевам дека ова не е крај, бидејќи оваа репрезентација заслужува да биде на големите натпреварувања и да се бори за титули“, вели Рамос.

Фото: ЕПА

Русите го имаат Акинфеев! „Зборнаја“ на пенали ја „уништи“ Шпанија

Scroll to Top