Македонската фудбалска репрезентација го одработе тренингот на славниот стадион „Драгао“ пред утрешниот клучен меч во баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
Утре тимот на селекторот Благоја Милевски се наоѓа пред вистински испит на зрелоста, кога ќе се судри со моќната португалска репрезентација предводена од „вечниот“ Кристијано Роналдо, но и со голем број на имиња кои значат многу во европскиот фудбал – Бернардо Силва, Жоао Феликс, Бруно Фернандеш, Пепе…