Карим Бензема, се враќа во тимот на Реал Мадрид, откако успеал да се рехабилитира од повредата. Поради повредата на листот, на десната нога, Бензема го пропушти дербито со Барселона, во кое неговите соиграчи доживеаја дебакл (0:4).
„Марка“ пишува дека Бензема ќе биде во тимот против Селта во Виго.
По репрезентативната пауза, Реал за две недели ќе одигра пет натпревари. Во сабота ќе гостува кај Селта, потоа во среда ќе игра против Челси во Лигата на шампионите, па му следуваат дуелот со Хетафе, реваншот со Челси и гостувањето во Севилја на 17.април.