Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва на теренот на фаворизираната Португалија, ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство.
Македонија во баражот влезе откако го освои второто место во Г-групата. Германија избори директен пласман на СП, а Македонија квалификациите ги заврши пред Романија и Исланд.
Во квалификациите, Македонија во Дуизбург ја победи Германија. Дека црвено-жолтите се сериозна репрезентација со јасна цел, потврдија и во четвртокот во Палермо, кога на колена го фрлија актуелниот европски шампион.
„Ако ја победивме фаворизираната Италија, зошто да не ја победиме и Португалија“, изјави капитенот на Македонија, Стефан Ристовски пред натпреварот.
Португалија доживеа шок во квалификациската група А. Во последното коло, во 90.минута, Александар Митровиќ постигна гол за 2:1 со кој Србија го освои првото место во групата и ја испрати Португалија баражот.
Во четвртокот, Португалците не блескаа, со помош на фортуната ја победија Турција со 3:1.
Интересна е статистиката на двете селекции во овие квалификации. Португалците одиграа два натпревари помалку во групата, бидејќи во А-групата се натпреваруваше Катар и дуелите со домаќинот на СП не влегуваат во статистиката.
Македонија постигнала и примила повеќе голови од Португалија, поседот на топката е речиси израмнет. Португалците повеќе шутираше кон противничките голмани и приготвувале повеќе големи шанси.