Top Sport

Субашиќ ги спасуваше хрватските фаворити

Хрватскиот голман на Монако, Даниел Субашиќ успеа да одбрани три пенали во драматичната завршница на осминафиналето на Данска, за да ги „извлече“ фаворизираните „коцкести“ по долга вечер во Нижни Новгород.

Хрватите имаа совршена шанса да го решат натпреварот на пет минути пред крајот на продолжението, кога добија пенал за фаулот над Ребиќ, меѓутоа Каспер Шмајхел му ја фати „жива“ топката на хрватскиот капитен Лука Модриќ.

По ова промашување и по 120 минути во кои се очекуваше дека Хрватска предводена од Модриќ ќе доминира, но налета на цврстите Данци, следуваше пенал-серијата, и голманите беа совршено подготвени.

Каспер Шмајхел немаше трема иако неговиот татко Петер го следеше од трибините и одбрани два удари на хрватските фудбалери (Бадељ и Пивариќ), но на крајот херој на Хрватска беше Субашиќ, кој успеа да одбрани еден пенал повеќе, пред Иван Ракитиќ да биде сигурен во последната серија и да донесе четврт-финале за Хрватска.

За текот на 90-те минути следете го линкот подолу.

ПЕНАЛ СЕРИЈА: ДАНСКА – ХРВАТСКА 2:3

Ериксен Х, Бадељ Х, Кјер О, Крамариќ О, Крон-Дели О, Модриќ О, Шоне Х, Пивариќ Х, Н.Јоргенсен Х, Ракитиќ О

И Хрватска-Данска не можеше да се „реши“ во 90 минути (видео)

Scroll to Top