Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги ги отфрли шпекулациите дека е заинтересиран да биде нов менаџер на Манчестер јунајтед, обврзувајќи се да остане на „Рамон Санчез Писхуан“ и оставајќи и Ерик Тен Хаг и Маурисио Почетино како најглавни фаворити за местото кај „ѓаволите“.
Лопетеги ја врати својата репутација по неславното отпуштање од шпанската репрезентација пред стартот на Светското првенство во 2018 година поради договорот кој го имаше со Реал Мадрид. На „Бернабеу“ тој бргу беше отпуштен по низа на лоши резултати, пред со Севилја да ја освои Лига Европа во 2019 година.