Италија, по елиминацијата од баражот за СП од Македонија, вечерва во изменет состав славеше со 3:2 на гости кај Турција во пријателски меч.
Во другите поинтересни мечеви, Англија рутински со 3:0 беа подобри од Брегот на Слоновата Коска, Шпанија со 5:0 го декласираше Исланд, додека Холандија и Германија одиграа интересно 1:1 реми.
Ченгиз Ундер уште во 4. минута донесе водство за Турција, но „аѕурите“ се вратија преку Брајан Кристанте (35.) и Џанлука Распадори (39.), пред Распадори во 69. минута да зголеми на 1:3. Сердар Дурсун во 83. минута ги постави конечните 2:3.
Во дуелот на лутите ривали Холандија и Германија, Томас Милер ги донесе „маншафт“ во водство во 45. минута, пред Стивен Бергвајн во 68. минута да израмни за „лалињата“. Алваро Мората и Пабло Сарабија постигнаа по два гола за Шпанија при 5:0 победата над Исланд, додека Оли Воткинс, Рахим Стерлинг и Тајрон Мингс се запишаа во листата на стрелците за Англија против БСК.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Турција – Италија 2:3
Англија – Брег на Слонова Коска 2:0
Холандија – Германија 1:1
Шпанија – Исланд 5:0
Франција – Јужна Африка 5:0
Катар – Словенија 0:0
Израел – Романија 2:2
Австрија – Шкотска 2:2
Белгија – Буркина Фасо 3:0
Босна и Херцеговина – Луксембург 1:0
Ирска – Литванија 0:0
Северна Ирска – Унгарија 0:1
Велс – Чешка 1:1