Top Sport

Мароканските репрезентативци и селекторот ќе поделат рекордна награда

Фудбалската репрезентација на Мароко ќе игра на Светското првенство во Катар. Во двомечот за пласман на Мундијалот, Мароканците славеа вкупна победа од 5:2 против ДР Конго.

Мароканците на СП во Катар ги однесе Вахид Халилхоџиќ, откако претходно од репрезентацијата ги избрка најголемите ѕвезди, Зијеш (Челси) и Мазрауи (Ајакс).

По завршувањето на натпреварот кралот на Мароко, Мухамед VI, на Халилхоџиќ му го честитал пласманот на СП.

За пласманот на мундијалот, мароканските репрезентативци ќе добијат богата премија. Од Фудбалското сојуз на Мароко на селекторот, неговиот стручен штаб и фудбалерите ќе поделат речиси 13.000.000 евра.

Извлекувањето на групите за СП во Катар, Мароко ќе го чека од третиот шешир.

Scroll to Top