Top Sport

Пике повторно ќе игра за Шпанија

Џерар Пике, повторно ќе игра за шпанскиот национален тим. Играчот на Барселона, последен пат за Шпанија играл пред три и пол години. Медиумите тврдат дека Пике решил да се врати во репрезентацијата по разговорот што го имал со селекторот Луис Енрике.

Пике замина во репрезентативна пензија, по елиминацијата на Шпанја од СП во Русија. Шпанците во Русија беа елиминирани на пенали, во осмина-финалето, од домашната селекција.

Враќањето на искусниот фудбалер само ќе ја зголеми конкуренцијата во дефанзивата на „црвената фурија“. Најчесто во одбраната играат Ајмерик Лапорт, Пау Торес и Ерик Гарсија.

Пике со Шпанија бил светски и европски првак.

Scroll to Top