Top Sport

Ракометарите ќе добијат противниците во квалификациите за ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија, попладнево ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Пред ждрепката познато е дека четири селекции веќе се квалификуваа на првенството, домаќинот Германија и најдобрите три селекции (Шведска, Шпанија, Данска) од последното Европско првенство.

Со ждрепката ќе бидат формирани осум групи со по четири репрезентации. Пласман на ЕП во Германија ќе изборат најдобрите две од секоја група, а место ќе има и за најдобрите три третопласирани селекции.
Македонија се наоѓа во вториот шешир, заедно со Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и Украина.

Шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија

Шешир 3: БиХ, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција

Шешир 4: Белгија, Естонија, Фарски острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург, Косово.

Извлекувањето на групите ќе започне во 18 часот.

Фото/ macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top