Top Sport

Навивачите го критикуваат дизајнот на новиот дрес на Милан

Фудбалскиот клуб Милан заедно со компанијата „Пума“ ги претстави новиот дизајн на дресовите. Изгледот на новиот дрес предизвика различни реакции во јавноста, најголем дел од коментарите се негативни.

На традиционалните бои на Милан, црната и црвената им е додадена и белата боја. оради тоа дресот делува непрепознатливо. На социјалните мрежи навивачите го искажаа незадоволството од изгледот на новиот дрес.

Фудбалерите на Милан, во новата гарнитура на дресови, прва пат ќе настапат во понеделник против Болоња.

 

Scroll to Top