Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн е најдобар фудбалер во англиската Премиерлига во март.
Кејн по седми пат во кариерата го доби ова големо признание и со тоа се израмни со поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, по бројот на месечни награди во Премиерлигата.
Тие двајца се лидери на вечната листа, а зад нив е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. Тој шест пати бил прогласуван за најдобар фудбалер на месецот. Стиви Џи е актуелен менаџер на Астон Вила.