Каспер Руд и младиот Шпанец Карлос Алкараз ќе се борат за титулата на мастерс турнирот во Мајами. За двајцата ова е прво финале на турнирите од мастерс серијата.
Осмиот играч во светот, шести носител на мастерсот во Мајами, против Аргентинецот Серундоло го забележа најголемиот успех на норвешкиот тенис. По 94 минути игра тој го доби мечот со 6:4, 6:1.
Руд е првиот Норвежанец кој ќе се бори за титулата на некој од турнирте од мастерс серијата. Норвешка е 33.земја која има претставник во едно мастерс финале. Исто така, Руд е првиот Скандонавец, по Робин Содерлинг во 2010 година и мастерсот во Париз, кој ќе се бори за мастерс титула.
Наследникот на Рафа Надал, тинејџерот Алкараз, ја потврди одличната форма во која се наоѓа на американската турнеја. Откако во Индијан Велс играше во полу-финалето, во Мајами направи чекор понапред. Преку бранителот на титулата, Хуберт Хуркач, тој избори место во финалето.
Исклучително драматичниот меч, Алкараз го доби во два тај-брејка за дба часа и пет минути. Првиот тај-брек Шпанецот го доби со 7:5, а вториот со 7:2.
Финалениот меч ќе се одигра во недела од 19 часот по средно-европско време.