Top Sport

Некогаш Јокиќ и Дончиќ не се доволни – Порази на Денвер и Далас

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, доминираа но не успеаја да победат со своите тимови. Денвер доживеа пораз од Минесота 130:136, а Далас бсе поразени во Вашингтон 103:135.

Дџенвер и Минесота одиграа супер интересен меч, на крајот пресуди подобрата игра на Минесота во првата четвртина, која ја добија со пет поени разлика.

Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 38 поени, 19 скока и осум асистенции. На спортивнната страна Карл-Ентони Таунс забележа 34 поени и девет скока. И по овој натпревар тимовите остануваат на истите позиции на Западот. Денвер се шести, Минесота седми.

Далас доживеа тежок пораз во Вашингтон. Визардс славеа победа 135:103. Екипата од престолнината на САД во првата и последната четвртина постигна по 41 кош. До победата Вашингтон го предводеше поранешниот играч ан ЛА Лејкерс Кентавијус Колдвел-Поуп со 35 поени, Кристапс Прозингис постигна 24.

На спротивната страна Лука Дончиќ немаше поддршка од соиграчите. Словенецот мечот го заврши со 36 поени, седум скока и шест асистенции. Двоцифрен покрај дончиќ во тимот на Далас беше уште само Џејлен Брансон (21 кош). И покрај поразот, Далас ја задржаа четвртата позиција во Западната конференција.

Резултати:

Орландо-Торонто 89:102
Вашингтон-Далас 135:103
Бостон-Индијана 128:123
Хјустон-Сакраменто 117:122
Мемфис-Финикс 122:114
Милвоки-ЛА Клиперс 119:153
Оклахома-Детроит 101:110
Сан Антонио-Портланд 130:111
Денвер-Минесота 130:136
Ла Лејкерс-Њу Орлеанс 111.114

Scroll to Top