Фудбалерите на Ливерпул забележаа рутинска победа над Вотфорд 2:0, во првиот меч од 31.коло. Со оваа победа, Ливерпул, со натпревар повеќе од Манчестер сити, ја презеде челната позиција на табелата.
Ливерпул, не блескаше, особено неговите играчи се мачеа на теренот во второто полувреме, но ја остварија целта, забележаа победа и го префрлија притисокот врз конкурентите од Сити.
Првиот гол го постигна Диого Жота во 22.минута, откако 30 секунди претходно Јурај Куцка не реализираше во ситуација кога беше сам пред Алисон.
Конечниот резултат го постави Фабињо од пенал во претпоследната минута.