Брентфорд го декалсира Челси во 31.коло, во Премиер лигата. На „Стефорд Бриџ“, Брентфорд победија со 4:1. Гол на овој меч постигна и Кристијан Ериксен. Последен пат Данецот бил стрелец во Премиер лигата, во декември 2019 година во дресот на Тотенхем. Брентфорд прв пат го победи Челси по 1.февруари 1939 година.
Брентфорд го торпедираше фаворитот во период од 50. до 60.минута, кога голманот Менди три пати ја вадеше топката од својата мрежа.
Челси, со прекрасниот гол на Ридигер во 48.минута дојдоа до предност.
Јанлет израмни во 50., а Ериксен во 54.минута му донесе предност на Брентфорд.Асистент за двата гола беше Мбеумо. Шест минути подоцна Јанел го постигна својот втор гол, а конечниот резултат го постави Канос во 88.минута.
Манчестер сити рутински славеа против Барнли. Де Брујне ов петтата и Гундоган во 25,минута ги постигнаа головите со кои Сити се вратија на челната позиција, пред дербито со Ливерпул наредниот викенд.
Резултати:
Брајтон-Норич 0:0
Вулверхемптон-Астон Вила 2:1
Лидс-Саутемптон 1:1.