Голден стејт Вориорс објавија дека Стеф Кари нема да игра до крајот на регуларниот дел од сезоната. Кари пред две недели, против Бостон, ги повреди лигаментите во левото стапало.
Кари се повреди на 16.март, веќе пропушти седум натпревари. Клубот објави дека рехабилитацијата тече според планиранот.
„Се надевавме дека Стеф ќе одигра еден или два натпревари во регуларниот дел од сезоната. Не сум загрижен, еден шут му е доволен да се врати во форма“, рекол тренерот на Вориорс, Стив Кер.
Кари сезонава има просек од 25,5 поени, 6,3 асистенции и 5,2 скока по натпревар.
Тимот на Стив Кер нема победа на последните четири натпревари. Вориорс со 48 победи и 29 порази се наоѓаат на третото место во Западната конференција. За третото место, Вориорс до последниот натпревар ќе се борат со Далас Маверикс.