Top Sport

Феликс и Суарез го декласираа Алавес

Атлетико Мадрид ја продолжи победничката низа во Ла Лига. Атлетико на „Ванда Метрополитано“ го совлада „фенерџијата“ Алаваес со 4:1. По два гола за „јорганџиите“ постигнаа Жоао Феликс и Луис Суарез. Атлетико е во серија од шест победи во Ла Лига, а нема пораз на последните осум натпревари во сите конкуренции.

Атлетико во последните 15 минути го скрши отпорот на последните 15 минути.

Претходно Жоао Фелис го постигна првиот гол во 11.минута. Од тој момент Атлетико му го препушти поседот на противникот. Алавес сепак не успеаја да се заканат кон голот на Облак.
За упорноста Алавас беа наградени во 63,минута, кога Ескланте израмни на 1:1.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 73.минута, кога на теренот влезе Матеус Куња. Бразилецот се врати во тимот по едно месечната пауза, во првиот допир со топката изнуди пенал.

Пеналот го реализираше Луис Суарез. Победата на Атлетико потоа ја потврдија Феликс во 82. и Суарез во 90.минута.

Атлетико со оваа победа се израмнија со Севилја на втората позиција. „Јорганџиите“ имаат 57 поени и натпревар повеќе од Севилја, на четвртото место е Барселона со 54 бода и два натпревари помалку од Атлетико.

Scroll to Top