Top Sport

Интер од повторен пенал славеше во големото дерби со Јуве

Италијанскиот првак Интер го совлада Јувентус во Торино со 0:1 и ја продолжува одбраната на „скудетото“. Како и секогаш, многу контроверзи донесе дербито, а го пресуди Хакан Чалханоглу, од повторен пенал, во последните мигови од првото полувреме.

Матијс де Лихт влезе предвреме во шеснаесетникот, па судијата Ирати го повтори изведувањето на ударот од белата точка. Првиот пат Војчех Шчешни беше поуспешен од Чалханоглу, но залудно, кога при повторениот обид турскиот интернационалец успеа да реализира.

Јувентус тргна потоа во тотална офанзива, се обидуваа Дибала и Влаховиќ, дирекот го погоди Закарија, но Интер на крајот стигна до победа.

Интер сега има 63 бода, три помалку од Милан и од Наполи, и се наоѓа на третата позиција, а Јувентус е на четвртото место со 59 бода.

Scroll to Top