ПСЖ, предовен од Килијан Мбапе, вчера го декласира Лориен во Лига 1 (5:1). И покрај убедливата победа, навивачите со порција свирежи го почестија тренерот, Маруицио Покетино.
Фановите на ПСЖ не можат да му ја простат елиминацијата од Лигата на шампионите. Исто така тие се лути што неговото име се поврзува со Манчестер јунајтед. На претходниот меч, покрај Покетино свирежи од трибините добија Меси и Нејмар.
„Од овој момент повеќе нема да зборувам за мојата иднина во клубот. Има договор и за наредната сезона. Пред да биде донесена било каква одлука, мораме да ја анлизираме ситуацијата“, рекол Покетино.